Уживам во авантурата и во слободата: Четкар за својата животна страст
Објавено во: Стил 27 Јануари, 2020 09:14
Музиката од првиот албум на Владимир Василевски-Четкар ,„We Will Never Еnd“, поточно песната „Ocean of Love“, се емитува на националното радио во Шпанија, Радио 5. Џез музичарот е особено горд на овој успех, а уште повеќе што покрај Шпанија низ годините, неговата музика е емитувана и национални радија во Португалија, Бразил, Јапонија, Аргентина, Унгарија, Индонезија, Тајланд како и низ стотици регионални и специјализирани радио станици во Италија, Франција, Англија, САД, Мексико.
„Ова е голема привилегија особено бидејќи јас правам комплетен авторски музички продукт. Не постои правило или тајна како да се најде музиката на некој уметник низ радио брановите на Европа, Америка и Азија, само знам дека мојата музика ја компонирам, продуцирам и изведувам со 100 отсто искреност, страст и љубов без притоа да бркам било какви трендови и без да правам политика со никого. Токму поради ова искрено уживам во сите помали или поголеми успеси кои сум ги постигнал низ годините“, изјави за Женски магазин музичарот кој со години живее на релација Охрид- Њујорк.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





