22 Ноември, 2024
0.0283

ВАДЕЊЕТО ЈАГЛЕН И ЛИГНИТ ПРЕПОЛОВЕНО: намалување има и кај производството на мебел и облека, еве ги деталите

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

И најновите податоци за индустриското производство откриваат поразителни резултати. Повторно има намалување на индустриското производство и во септември, и тоа од високи 7,9 проценти на годишно ниво. Како што објави Државниот завод за статистика во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период лани инудстирското производство е помало за 4,2 отсто. Сепак, загрижува фактот дека индустриското производство подолг период има негативни резултати, односно намалување во производството.

Статистичарите објавија во кои сектори има најголем пад. Па така секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање од 7,5 проценти. Следен е секторот Преработувачка индустрија кој бележи опаѓање од 6,6 отсто, а потоа следува Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање каде е регистрирано намалено производство за 10 проценти.

Но, што покажуваат деталите од извештајот на ДЗС, каде е најголем падот во индустриското производство минатиот месец. Кои сектори имаат најголемо намалување, а кои се со позитивни резултати?

Бројките на ДЗС покажуваат дека во септември убедливо најголем пад имало кај вадењето јаглен и лигнит од високи 44 проценти. Потоа доаѓа секторот производство на други неметални минерални производи со високи 27,8 отсто намалување на производството. Веднаш зад него, со висок пад во производството се соочил и секторот за мебел, каде има намалување од 27,4 проценти во производството.

Покрај овие три сектори кои бележат висок пад, со големи намалувања во производството се соочил и секторот производство на метали каде падот достигнал 25 проценти.

Но, тие не се единствените, напротив голем пад има и во категоријата производство на облека, каде падот достигнал 22,9 отсто. А веднаш до нив со пад во производството на хартија и производи од хартија каде намалувањето на производството е 22,7 проценти.

Спротивно на нив, исклучително добри резултати направи останата производствена индустрија каде производството на годишно ниво се зголемило за 162 проценти.

Слично на нив, и тутунопроизводството во септември има направено исклучително позитивни резултати. Растот во секторот производство на тутунски производи исто така надминал 100 проценти, или поточно бил 114,9 отсто на годишно ниво. Трета област која во септември имаше голем раст на производството е поправка и инсталирање на машини и опрема каде растот достигнал 88,1 процент.

Податоците за индустриското производство покажуваат дека од месец во месец постојано има негативни резултатие. Имено во август падот на индустриското производство на годишно ниво достигнал 3,6 проценти.  Месец претходно, или во јули годинава статистичарите измериле пад од 3,9 отсто на годишно ниво. Слични, па дури и полоши резултати биле добиени јуни кога падот бил 5,1 проценти.

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ