ВАГНЕР СЕ СИТНИ: Русинка тврди дека сега имаат само 10.000 борци

Објавено во: Свет 24 Јануари, 2023
Oд организацијата „Русија зад решетки“ велат дека групата Вагнер која се бори во Украина е пред колапс.
Ова го тврди Олга Романова, која се бори за правата на затворениците. Вели дека многу борци исчезнале или загинале, а од 50.000 само уште 10.000 се борат.
Украинските разузнавачи исто велат дека групата е раситнета. Борците на „Вагнер“ станаа потрошна пешадија во руската офанзива во источна Украина, се наведува во документ на украинското воено разузнавање, кој покажува колку се ефективни околу Бахмут и колку е тешко да се војува против нив.
„Вагнер“ е приватна воена компанија на олигархот Евгениј Пригожин, која добива сè позначајна улога во војната во Украина.
„Смртта на илјадници борци на ‘Вагнер‘ не му значи ништо на руското општество. Напаѓачките групи не се повлекуваат без наредба. Неодобрено повлекување се казнува со егзекуција на самото место“, стои во извештајот, пренесува Си-Ен-Ен.
Ранетите остануваат на бојното поле со часови.
„На напаѓачките единици не им е дозволено сами да ги извлекуваат ранетите, зашто нивната главна задача е да напаѓаат додека не биде постигната целта. Ако нападот не биде успешен, повлекувањето е дозволено само ноќе“, се вели во извештајот.
Најмалку осум Американци загинаа досега во Украина.Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
Украина сега ја тресат корупциски скандали.Фото: Гети
Можеби ќе ве интересира
ЛАДЕН ТУШ ЗА ОРБАН: Сакаше да и ја бакне раката на молдавската претседателка, таа го одби!

СЕМЕ НА РАЗДОРОТ: Пригожин збесна, вели дека има фракции кои ја уништуваат руската држава

ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Нуклеарка веќе три месеци е без резервно напојување, многу е несигурна и потенцијално опасна

„ОДЕДНАШ ВИДОВ 10 ДО 15 МРТВИ“ - расте бројот на жртви во сударот на возови во Индија, речиси 300 мртви и 800 повредени

ПЕСОЧНА АПОКАЛИПСА ВО ЕГИПЕТ: Се стана портокалово за момент во Каиро, затворени пристаништа, урнати билборди, една жртва ВИДЕО

СТРАШНИ СЦЕНИ ВО ИНДИЈА: Најмалку 100 луѓе се повредени во судир на возови, се стравува дека 50 луѓе загинале (ВИДЕО)

КАЈТ МИДЛТОН ПОВТОРНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО: Еве како се појави на кралската свадба во Јордан! (ФОТО)

Нова измама на Фејсбук, доколку не внимавате, може да го изгубите пристапот до вашиот профил

Хорор во Франција: Тинејџерка го избодела својот помал брат додека спиел, родителите спиеле во друга соба
