Вака изгледа Samsung Galaxy Alpha
Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2014
Што ли се случи со Galaxy S5 смартфонот со метално куќиште за кое веќе долго време слушаме гласини и кој би требало да биде наречен Galaxy F? Засега најблиската работа е Prime верзијата која ја имаме со објавата на quad HD LTE моделот, но се очекува и модел со метално куќиште. Sammobile и многу други дојдоа во поседување на овие фотографии на таквиот уред, но Galaxy Alpha сега повеќе не звучи како „супер премиум телефон“. И додека металната рамка е и понатаму тука околу телефонот, наводно од алуминиум, позадината и понатаму е пластична. Исто така се говори дека овој модел би можел да стигне со 4,7-инчен екран со 720p резолуција, 32 GB интерна меморија како и Exynos 5 Octa или Snapdragon 800 процесор.
Galaxy Alpha на крајот сепак би можел да стигне само на одредени пазари, но и да биде добар знак Samsung конечно да почне да употребува повеќе метал на неговите телефони. Исто така се смета дека ова би можело да биде само еден телефон во новата серија.