ВАКЦИНАТА ЗА КОВИД ПОВТОРНО МУ ПРАВИ ПРОБЛЕМИ НА ЃОКОВИЌ: Сега не смее да влезе во САД
Објавено во: Спорт 04 Март, 2023 14:00
Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, нема да може да настапи на претстојните турнири во Индијан Велс и Мајами, откако неговото барање за влез во САД е одбиено, јавија денеска американските медиуми.
Ѓоковиќ мораше да достави соодветна документација и да поднесе барање за посебна дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.
Американските медиуми јавија дека на Ѓоковиќ не му е одобрена американска виза, а тоа го потврди и сенаторот од Флорида, Рик Скот.
„Добивме информација дека е одбиено барањето на Ѓоковиќ за влез во нашата држава. Меѓутоа, веруваме дека оваа одлука сè уште може да се промени“, изјави сенаторот Скот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





