ВАКЦИНИРАЊЕТО НА ВОЗРАСНИТЕ ГИ ШТИТИ И НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ОКОЛУ НИВ, ОСОБЕНО ДЕЦАТА - еве што откри израелска студија
Објавено во: Свет 06 Април, 2021 11:49
Нови податоци од Израел, каде што веќе е поодмината кампањата за вакцинација против коронавирусот со вакцината на Фајзер/Бионтек, сугерираат дека вакцинацијата на возрасните исто така ги штити и невакцинираните лица кои живеат во нивна близина, особено децата.
Околу една третина од 1,95 милиони луѓе кои го користат системот на здравствена заштита на Maccabi Healthcare Services (MHS), сите над 16-годишна возраст, примиле барем една доза од вакцината до 30 јануари.
Проучувајќи ја епидемиолошката состојба во 223 заедници, истражувачите откриле дека со зголемувањето на бројот на вакцинирани возрасни, стапката на инфекција кај невакцинираните корисници во истите заедници опаѓа - особено кај децата.
MHS е втор по големина систем на здравствена заштита во Израел.
„Иако забележаната заштита на невакцинирани лица поврзана со вакцинирање кај возрасни е охрабрувачка, потребни се дополнителни студии за да се утврди дали и како тоа ќе им помогне на изгледите за колективен имунитет и искоренување на болести“, пишуваат истражувачите во студијата.
Студијата се уште не ја поминала научната рецензија.
Извор: Индекс.хрМожеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




