„ВАКВА ПОЛИТИЧКА ПОБЕДА ДОСЕГА АМЕРИКА НЕ ВИДЕЛА, НЕМА ДА ИМА ВОЈНИ“: Трамп се обрати до нацијата
Објавено во: Свет 06 Ноември, 2024
Официјално се уште има 266 гласа, му недостигаат уште четири, сепак Доналд Трамп со семејството и најблиските соработници од неговата претседателска кампања застана на бината во Палм Бич Флорида и се обрати на нацијата:
„Сакам да ви се заблагодарам на сите, собрани сме илјадници пријатели. Навистина верувам дека ова беше најголемото политичко движење на сите времиња, никогаш немало такво нешто во оваа земја, а сега ќе достигне нови височини. Ќе помогнеме државата да заздрави, ќе ги поправиме границите, ќе поправиме се. Вечерва влеговме во историјата со причина, надминавме пречки кои мислевме дека нема да ги надминеме, само погледнете што се случи“, рече тој и продолжи:
„Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела“
„Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела. Сакам да му се заблагодарам на американскиот народ што ме избра за 47-ми претседател и 45-ти претседател. Можам да му кажам на секој граѓанин дека ќе се борам за вас, вашите семејства и вашата иднина, ќе се борам со секој здив од моето тело, нема да застанам додека на Американците не им ја дадеме слободната и просперитетна земја каква што заслужувате. Ова ќе биде златното доба на Америка, ова е славна победа која ќе ни овозможи повторно да ја направиме Америка голема“.
„Покрај освојувањето на сојузните држави, ги освојуваме и Мичиген, Аризона, Алјаска, Невада и тоа ќе собере најмалку 315 електорски гласови. Го освоивме и народниот глас, мнозинството во секој глас. Добивањето на народниот глас е многу убаво, ќе бидете многу горди на гласот што го дадовте и ќе речете дека овој момент кога гласавте за оваа група луѓе беше еден од најважните моменти во вашиот живот. „Америка ни даде мандат кој е моќен и без преседан, а ние ја вративме контролата врз Сенатот“, додаде Трамп.
Трамп уште еднаш му се заблагодари на народот и рече дека бројот на победи во Сенатот е неверојатен: „Никој не го очекуваше ова и сакам да ви се заблагодарам, добивте прекрасни сенатори и се чини дека ќе ја задржиме контролата врз Претставничкиот дом“.
Трамп потоа им се заблагодари на луѓето околу него, особено на неговата сопруга: „Таа ја има најпродаваната книга во земјата, одлично ја врши работата“, рече тој и уште еднаш му се заблагодари на семејството.
„Сакам да бидам првиот што ќе му се заблагодарам на новоизбраниот американски потпретседател Џеј-Ди Венс и неговата неверојатна сопруга, тој е тежок човек. Му реков да оди во непријателскиот камп, тој е единствениот човек што со нетрпение го очекува, отиде таму и го измете подот со нив“, рече Трамп.
На собирот се обрати и Венс: „Со оваа победа го направивме најголемиот политички камбек во историјата на САД“. Под водство на претседателот Трамп, ние никогаш нема да престанеме да се бориме за вас, а со најголемото политичко враќање, ќе имаме и најголем економски поврат“.
„Ова ќе бидат одлични четири години во кои ќе ја свртиме земјата и ќе направиме нешто посебно, а тоа го загубивме. Ќе работиме напорно за да го вратиме, ќе мораме да ги затвориме границите, сакаме луѓето да дојдат, но тие мора да влезат легално“, додаде Трамп.
Трамп се осврна и на Илон Маск: „Сите на оваа сцена се многу посебни. Но, имаме нова ѕвезда, се раѓа нова ѕвезда – Илон. Седевме заедно вечерва. Знаете, тој испрати ракета во вселената пред две недели. Ја гледав како се враќа, беше одлична, убава“.
Трамп му се заблагодари и на Роберт Кенеди Јуниор и рече дека „тој повторно ќе ја направи Америка здрава“.
„Ќе ги прекинам војните. Републиканците се партија на здравиот разум. Во нашиот последен мандат немавме војни, немаше војни четири години. Освен што ја победивме ИСИС. Ја победивме ИСИС во рекордно време, но немаше војни.
„Тие рекоа „ќе започне војна“. Нема да започнувам војна, ќе прекинам со војни. Ова е голема победа за демократијата и слободата. Ќе ја отклучиме славната судбина на Америка, ќе постигнеме неверојатна иднина за нашиот народ“, рече Трамп.
На крајот Трамп истакна дека ќе ги исполни сите ветувања што ги дал: „Ништо нема да ме спречи да го одржам зборот што го дадов“.
фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.