ПОТРЕБНА ПОБЕДА НА СВЕТОТ: Орбан му честиташе на Трамп за победата - „Најголемото враќање во политичката историја на САД“
Објавено во: Свет 06 Ноември, 2024
Унгарскиот премиер Виктор Орбан му честиташе на републиканскиот кандидат Доналд Трамп за неговата „огромна победа“ на претседателските избори во САД.
Орбан на социјалната мрежа Икс оцени дека тоа е најголемото враќање во американската политичка историја и многу потребна победа за светот.
- Најголемото враќање во политичката историја на САД! Честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата огромна победа. Многу потребна победа за светот! - изјави Орбан.
Кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на изборите, оценувајќи дека тоа е „најголемата политичка победа на кое било политичко движење“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.