18 Декември, 2025
0.0598

РЕСЕНСКИ ГАЗДИ СЕ ОПАРИЈА: Австрискиот гигант за сокови „Раух“ официјално нов сопственик на „Вита-Рес“

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2024 15:25

Добивај вести на Viber

Австрискиот гигант „Раух“ (Rauch Fruchtsafte GMBH), еден од водечките производители на сокови во Европа, официјално е нов сопственик на ресенската фабрика за преработка на овошје и еден од најголемите откупувачи на јаболка во земјата Вита-Рес.

Сопственикот на брендовите од “Happy Day“ до “Bravo“, “Nativa“ и “Rauch IceTea“ е нов газда од крајот на минатиот месец по завршените процедури и проверката од страна на Комисијата за заштита на конкуренција која беше објавена во јули.

Единствено не е познато колкава компензација добиле од продажбата досегашните локални сопственици Тони Кебиловски и Љупчо Стојчевски, и двајцата од Ресен. Нови управители на Вита-Рес сега се Дитмар Хамерер од Волфурт,  инаку од бордот на директори на самата централа, како и Перица Алексиќ од Белград.

Од она што успеа „Фактор“ да го провери, Вита-Рес лани имала приходи од 3,8 милиони евра, но и загуба од околу 165.000 евра. Иако се води како основана од 2005, во 2023 настанува со спојување на две друштва - „Агро Трејд 2006“ и „Фруит Џуице“. Дејноста е производство на сокови од овошје и зеленчук, а официјално имала само еден пријавен работник лани.

Производите на „Раух“ се продаваат во повеќе од 100 земји, компанијата има 14 фабрики со над 2.400 вработени, но и подружници и партнерски производители во Европа и САД.  Компанијата е основана во 1919 година и до денес е фамилијарен бизнис, кој го води четвртата генерација од семејството Раух.

Седиштето на компанијата „Вита-рес“ е во Ресен. Станува збор за компанија која е директно активна во секторот за преработка на овошје и производство на производи добиени од обработката на овошјето (овошни концентрати, овошно пире и овошни смрзнати коцки). „Вита-рес“ пласира производи на пазарот во Европа и во Македонија. Вкупниот приход на компанијата остварен во Македонија е поврзан во главно со продажба на полу-готови производи добиени од обработката на овошјето (овошни концентрати, овошно пире и овошни смрзнати коцки).

„Во целина, Групацијата на претпријатија РАУХ ФРУЦХТСАФТЕ зазема три стратешки бизнис полиња. Покрај производството и продажбата на Раух брендовите од “Happy Day“ до “Bravo“, “Nativa“ и “Rauch IceTea“, Раух е етаблиран и во B2B сегментот. Во рамките на оваа гранка, компанијата Раух ја има улогата на производител и продажна компанија за интернационалните купувачи на овошни концентрати и полу-производи. Третото поле се однесува полнењата по лиценца. Како добавувач на услуги, Раух полни за други производители на пијалаци со својата екпертиза и врвни системи и линии за полнење на лименки, ПЕТ (пластика), картонски (пр. Тетра Пак) и стаклени шишиња. РАУХ ФРУЦХТСАФТЕ моментално има контрола над повеќе друштва што може да се утврди од ВИТА РЕС, директно е активен во сектор за преработка на овошје и производство на производи добиени од обработката на овошјето (овошни концентрати, овошно пире и овошни смрзнати коцки)“, ова пак го објави Комисијата за заштита на конкуренцијата кога во јули беа најавени намерите за преземање.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје