17 Јуни, 2025
0.0297

Александар Кирацовски отвори фирма: На 500-тини основачи им помогнав да започнат бизнис, сега и јас сум претприемач

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Александар Кирацовски, официјално и самиот стана претприемач со отворање на почетен бизнис во Битола, најпрво за издавање на деловен простор и апартмани, а потоа, како што сам вели, со можност да се прошири на други дејности.

Некогашниот генерален секретар на СДСМ и дополнителен министер за дигитализација и информатичко општество ја основа фирмата „Сапиенс Инвест“ со адреса на улица Климент Охридски во Битола, каде што се наоѓа и самиот објект со кој ќе менаџира Кирацовски.

- Јас по професија сум бизнис консултант. На 500 фирми самиот сум им помогнал да започнат со работа преку бизнис инкубатор кој поддржувал стартап компании. Имам две магистратури - едната поврзана со менаџмент на стартапи, а другата со машинско-индустриски менаџмент. Така што овде нема ништо чудно и сега може да се каже дека сум станал претприемач, вели Кирацовски.

Поранешниот пратеник неколку години го нема во јавност, особено откако повеќе не извршува никаква политичка или државна функција. Тој вели дека како физичко лице своевремено ги издавал апартманите со дозвола од општината, но дека сега преку фирмата која ја формирал, првично со дејност „друг вид на сместување“, сака да се обиде да направи покрупни бизнис чекори.

- Станува збор за издавање на пет апартмани и на деловен простор кој во моментов е под закуп во договор со „Еурофарм“. Тоа е објект кој е одамна во моја и во сопственост на член на моето семејство. Тоа е засега, а понатаму ќе видиме. Во самото име на фирмата се наведени повеќе дејности (производство, трговија, услуги, угостителство и градежништво), додава Кирацовски.

Тој во едно од своите последни интервјуа што ги даде пред неколку години рече дека се повлекува од политичкиот живот за да биде „многу повеќе со семејството и комплетно ангажиран во академскиот живот“. Кирацовски самиот рече дека си поднел оставка како генерален секретар на СДСМ по претседателските избори 2019 поради „моќници кои креирале лажни вести за него“. Тој беше споменуван и од шоуменот Бојан Јовановски во аферата „Рекет“ , дека бил посредник во комуникацијата со бизнисмените од кои се барале пари - нешто што Кирацовски категорично го демантираше.

Поранешниот функционер е дипломец на техничкиот факултет при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола на машинскиот отсек и е дипломиран машински инженер. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

АТЕНТАТ НА АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА ИРАН-ИЗРАЕЛ: Нетанјаху не ја исклучува можноста за ликвидација на верскиот лидер

АТЕНТАТ НА АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА ИРАН-ИЗРАЕЛ: Нетанјаху не ја исклучува можноста за ликвидација на верскиот лидер

КАКО ИРАН БИ МОЖЕЛ ДА ЈА „ПОТОПИ“ СВЕТСКAТА ЕКОНОМИЈА: Ова е неговото најсилно оружје!

КАКО ИРАН БИ МОЖЕЛ ДА ЈА „ПОТОПИ“ СВЕТСКAТА ЕКОНОМИЈА: Ова е неговото најсилно оружје!

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАСИИ ЌЕ ИСПРАТИ ПИСМА ДО БАНКИТЕ ЗА ДА ГО ФИНАСИРААТ КОРИДОРОТ 10: До 30 јуни ќе треба да се достават понудите

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАСИИ ЌЕ ИСПРАТИ ПИСМА ДО БАНКИТЕ ЗА ДА ГО ФИНАСИРААТ КОРИДОРОТ 10: До 30 јуни ќе треба да се достават понудите

ТРАМПТЕЛ – НОВА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА КОМПАНИЈА? Американскиот претседател има сериозни планови

ТРАМПТЕЛ – НОВА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА КОМПАНИЈА? Американскиот претседател има сериозни планови

Дигитална бизнис платформа „One stop digital“ за микро, мали и средни претпријатија и работна средба со Царинската управа на РСМ

Дигитална бизнис платформа „One stop digital“ за микро, мали и средни претпријатија и работна средба со Царинската управа на РСМ

Луке Галески од партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ стана член на Надзорниот одбор на операторот на платен систем КИБС

Луке Галески од партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ стана член на Надзорниот одбор на операторот на платен систем КИБС

„НА ГОРИВАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА ИМАМЕ АПСОЛУТНО НИКАКВО ВЛИЈАНИЕ“: Министерката за финансии вели дека ја следат состојбата

„НА ГОРИВАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА ИМАМЕ АПСОЛУТНО НИКАКВО ВЛИЈАНИЕ“: Министерката за финансии вели дека ја следат состојбата

(ФОТО) За прв пат осамнаа фотографии од најскапата грчка резиденција

(ФОТО) За прв пат осамнаа фотографии од најскапата грчка резиденција

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: За денар и половина поскапуваат бензинот и дизелот

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: За денар и половина поскапуваат бензинот и дизелот