Ван Ромпуј: Добивме модерен буџет за економски раст и нови работни места
Објавено во: Свет 08 Февруари, 2013 19:07
За првпат во историјата на Европската унија имавме 24-часовен маратонски состанок и првпат имаме и кратење на идната Повеќегодишна финансиска рамка (МФФ), изјави претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ на кој беше постигнат договор за идниот буџет на Унијата.
Тој нагласи дека буџетот кој беше договорено да се позиционира на сумата од 960 милијарди евра, е модерен и концентриран на најважните задачи - конкуренцијата, економскиот раст и создавањето на работни места.Исто така, подочи тој, овој договор што го постигнаа првите луѓе на земјите-членки на ЕУ претставува компромис донесен со нивна колективна одговорност.
„За европската перспектива, буџетот е ориентиран кон иднината и реален, оти не можеме да ги жртвуваме инвестициите во образованието, научните истражувања и економскиот раст. Во споредба со претходниот буџет (2007-2013) има зголемување од 34 милијарди евра токму за зголемување на конкурентноста, растот и отворање на нови работни места. Има зголемување и за програмите како образовната „Еразмус за сите” и иновациската „Хоризонт 2020“. Буџетот е фокусиран и на нови инвестиции и развој на транспортот, енергетските капацитет, односно поврзување на Европа за цели 30 милијарди евра“, објасни Ван Ромпуј. Според претседателот на Европскиот совет, идниот буџет на ЕУ е модерен и донесен во согласност со „тешката реалност во Европа“, па затоа за првпат е помал во споредба со претходната седумгодишна буџетска рамка. Ван Ромпуј потврди и дека ќе има кратења на трошоците за европската администрација, што според информациите, ќе значи намалување на вработените за пет проценти. „Во врска со проектот за вработување на младите, овој бџует овозможува шест милијарди евра за нови иницијативи во оваа насока. Исто така, овозможува и алокација на структурни фондови, при што внимание ќе им се посвети на земји како Грција, Португалија, Шпанија, Италија и Ирска, кои се посиромашни и тие ќе добијат повеќе од т.н. кохезиски фонд. Имаме фонд и за глобални прашања, како климатските промени, нуклеарна заштита и помош на ранливите категории на луѓе“, рече Ромпуј. За претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо ова било најдоброто што можело да се извлече како договор меѓу лидерите. „Денешниот политички договор е најдобар можен што лидерите го постигнаа со консензус. Сумата е под она што ЕК го бараше, но има повеќе пари за промоција на раст и работни места во Унијата идните години. Овој буџет ќе дозволи да го смениме развојот, да го менуваме трошењето од една во друга година во суштина. Она што е договорено е добар катализатор за создавање на раст и работни места“, рече Барозо. Според него, најважно е тоа што е постигнат договор за силна поддршка на иницијативата на Комисијата за вработување на млади лица, што на европско ниво денеска е главен социјален и политичи предизвик.„Задоволен сум и што се зачува програмата за помош за најранливите категории на луѓе и задржувањето на фокусот за помош на сиромашните земји. Ќе има доволно пари и за кохезија, како и за земјоделството, пред се за посветеност на заштита на климата. Ќе споменам дека е важно што се планирани сериозни средства за солидарност, односно кофинансирање во некои региони на Европа, што е важно за некои земји-членки кои без оваа европска поддршка нема да имаат можност за јавни инвестиции. Се на се, имаше тешки преговори и фер е оценката дека ова не е перфектен буџет, но е најдобар резултат од барањата на земјите-членки и се надевам дека Европскиот парламент ќе го усвои, потенцира Барозо.
Сепак се уште не е завршено бидејќи ова што е договорено околу новиот европски Буџет, сега мора да пројде и во Европскиот парламент.Можеби ќе ве интересира
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација




