Вандалска постапка! Што остана од пораката на Бадникарите?
Објавено во: Македонија 12 Април, 2022 10:19
Деновиве скопските Бадникари биле непријатно изненадени и како што велат, огорчени поради постапката на непознати сторители на јужните падини на Водно кај месноста Краста.

Имено, тврдат дека од несватливи причини е искршена, а потоа запалена таблата сo еколошка, а не некаква политичка или комерцијална порака, а потоа запалена.

„Причините за ваквата вандалска постапка се несфатливи и предизвикуваат гнев и неверување кај Бадникарите, кои уживаат неподелени симпатии и поддршка од своите сограѓани за скоро 30 годишната успешна активност. Тие на Краста каде што со години, во пресрет на Божик, ги берат бадниковите гранчиња кои на Бадник им ги делат бесплатно на скопјани на собир пред Соборниот храм Свети Климент Охридски со безброј придружни манифестации кои станаа скопска традиција.

А, на спорната табла стоеше порака со еколошка содржина - не фрлајте отпадоци и чувајте ја околината, за која пристигнуваа пофалби и симпатии. Бадникарите се зачетници и чувари на традициите на саканиот град,хуманитарци и екологисти и не заслужуваат ваква долна и гнасна реакција на непознатите престапници, стои во известувањето од Одборот за традиционална прослава на Бадник.

За овој вандалски чин ќе поднесат соодветна пријава до институциите на системот до непознат сторител.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




