Ване Цветанов: Му благодарам на Зоран Заев за укажаната доверба
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2019
Ване Цветанов му се заблагодари за укажаната доверба на премиерот Зоран Заев откако вчера беше именуван за в.д. претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата.од страна на Владата.
„Благодарност за дадената доверба од страна на Премиерот Зоран Заев. Ќе дадам максимум од себе, да ја оправдам довербата и професионално да одгововорам на овој предизвик, кој што е чест за мене.“, напиша Цветанов доцна синоќа на својот профил на Фејсбук.
Тој е поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам во времето на претходната власт пред да стане силен критичар на истата. Во меѓувреме беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случакјот „Шпион“и осуден на 3 години затвор, но Апелациониот суд во октомври 2016 ја намали на условна казна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело.Во советот доаѓа на местото на Премтим Исени, а главна дејност на ова владино тело формирано од Министерството за финансии е издавање иценци за нови ревизори и ревизорски друштва, како и контрола над нивната работа.
Цветанов до сега беше ангажиран единствено како предводник на здружението „Зелена лупа“ за борба против судските неправди.