ВАНЕ ЦВЕТАНОВ ПОВТОРНО ЗАСТАНУВА НА ЛУДИОТ КАМЕН - се сврши со својата избраничка Дунавка Трифуновска
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2021
Ване Цветанов, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, самостојно и независно регулаторно тело во земјава, како и претседател на гражанското здружение Зелема Лупа, кое се занмава со надзор на судските процеси, повторно застанува на лудиот камен, овој пат со својата партнерка Дунавка Трифуновска, манекенка од земјава.
Цветанов, кому денеска му е и роденден, свршувачката ја објави на својот фејсбук профил, каде добива борјни честитки од своите познаници и пријатели.
Од фејсбук профилот на Цветанов може да се види дека тој и неговата избраничка Дунвка Трифуновска, за новогодишните празници уживале на охридскоро крајбрежје.
Ване Цветанов своевремено беше директор на Управата против перење пари, но всушност се смета за првата „жртва“ на претходната владејачка гарнитура.