20 Април, 2024
0.0254

ВАНЕ МАРКОСКИ: „Многу ги нервирав родителите, затоа што уште од тогаш сакав да бидам независен“

Објавено во: Стил 18 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Ване Маркоски е еден од најпознатите ТВ и радио водители во нашата државата. Долго време не забавува пред малите екрани со неговите емисии кои се со најразлични тематики, а важи и како голем љубител на животните. Моментално е актуелен со неговата емисија „Најдобри рецепти“, а ние се потрудивме да го навратиме во неговите тинејџерски денови. Од тоа каков тинејџер бил, па се до тоа од каде се родила љубовта за водителството, Ване ни раскажа се. Веруваме дека неговата приказна ќе ви биде доволна мотивација за повеќе да работите на себе.

Веќе долго време си присутен на телевизијата, но може ли да се навратиш наназад и да ни раскажеш како помина твоето прво појавување?

Искрено тоа беше многу одамна, пред некаде 15-тина години. Колку што добро ме држи сеќавањето, ќе пробам да ја навратам приказната, малку ќе биде подолга, но е интересна. Почеток на декември 2002 година и како што листав по TB каналите дома, налетав на еден оглас за водители во локалната телевизија „Кисс“ од Тетово, бидејќи по потекло сум од таму и таму живеат моите родители сеуште. На тој оглас се бараа млади кретивци за нови емисии. Веднаш се пријавив и по некој ден заминав на аудиција. Носев некои светли фармерки и небесно син дуксер, а надвор растопен снег, вода на секој чекор... Тргнав пешки, бидејќи немав пари за такси и како што веќе се приближував до просториите на телевизијата, наиде еден камион и ме направи целиот со кал. 

Целиот текст читајте го на Хаштаг.мк овде.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган