Вања Лазарова ќе добие национална пензија откако ќе добие државна награда
Објавено во: 14 Мај, 2014 14:09
„Национална пензија не се добива со иницијатива или предлагање. Тоа следува по автоматизам доколку некој освоил една од државните награди“, рече министерката.
Продукцијата „Трето уво“ ги собрала материјалите за целокупното творештво на Вања Лазарова и ги доставило до Одборот за наградата за животно дело „11 Октомври“. По добивањето на оваа награда, таа ќе стекне право на национална пензија.
Канческа-Милевска сепак без конкретен одговор зошто на Вања Лазарова досега не и е доделен статусот национален уметник, за кој има постапка за пријавување. Лазарова се пријавила на конкурсот, но била одбиена. Секоја година еден уметник ја понесува титулата национален уметник на Реублика Македонија.
Посетата на министерката во Домот за стари лица, каде што престојува Вања Лазарова, уследи откако група граѓани преку социјалните мрежи покрена иницијатива за поддршка на македонската музичка легенда.




