Вардар официјално има нов тренер
Објавено во: Стил
04 Јуни, 2018 11:28
Добивај вести на Viber
Бобан Бабунски официјално e нов шеф на стручниот штаб на фудбалски Вардар, откако двете страни потпишаа едногодишен договор.
Бабунски го водеше тимот и во финишот од сезоната кога замина Чеде Јаневски, но сега е потврден за нов тренер.
„Бобан Бабунски во иднина и официјално ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на Вардар. Клубот и Бабунски се договорија на соработка во траење од една година, односно до завршувањето на идната сезона 2018/2019“, стои во соопштението на Вардар.
Во стручниот штаб на првиот тим се приклучуваат тренерите Владимир Колев, Сашо Тодоровски и Раденко Бојовиќ, кои ќе му бидат асистенти на Бабунски, а како помошници остануваат и Александар Васоски и Саша Илиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: