19 Декември, 2025
0.0747

Вардарска долина или Рајска градина: До каде се големите енергетски проекти?

Објавено во: Економија 17 Мај, 2016 08:01

Добивај вести на Viber

Изградбата на енергетските проекти се актуелизираше изминативе денови, откако ЕЛЕМ објави инвестција од 14 милиони евра во рајската градина во Аеродром, а во исто време, со години каскаат за изградба големите енергетски проекти. Експертите го поставија прашањето дали енергетиката сепак требаше да биде приоритет во целите на енергетската компанија. Грандиозниот енергетски проект „Вардарска долина“, што со децении се најавува се уште е само на хартија. Серија студии се направија, а се потрошија и пари за изработка на студиите и избор на консултантите што ги правеа студиите, но проектот и натаму никако да доживее реализација. Од државната компанија  ЕЛЕМ, што сега е надлежна за реализација на овој проект велат дека повторно ќе се прави нова студија. Студијата ќе треба покаже колку би чинел целиот проект, но и колкаво ќе биде производството на струја од секоја хидроелектрана „Во моментов тече постапката за избор на консултант кој треба да изготви префисибилити Студија која ќе ги ажурира сите постојни податоци за хидроелектраните што се предвидени за изградба по течението на Вардар. Оваа студија ќе ги даде насоките за понатамошен развој на проектот“, велат од ЕЛЕМ за Фактор. Студијата треба да покаже дали ќе се градат сите 12 планирани хидроцентрали со овој проект. Инаку, со проектот е планирано на тeкот на Вардар, односно од Скопје до границата со Грција во должина од 200 km, да се изградат 12 хидроелектрани. При тоа поголеми се ХЕЦ Велес со производство од 300 милиони kWh, ХЕ Градец со 257 милиони kWh. Останатите помали хидроелектрани се каскадно распоредени по токот на реката, со производство од 60 до 130 милиони kWh, во зависност од локацијата и протокот. vardarska2 Претходно, пак пропаѓаа неколку обиди за реализација на овој проект. Владиниот тендер што беше објавен во 2009 година пропадна. Потоа, следуваше и нов обид со Кинеската меѓународна корпорација за води и електрична енергија, КВЕ, како и Кинеската развојна банка – КРБ. Тие сакаа да го кредитираат овој проект. А Владата и Кинезите, потпишаа меморандум за разбирање со кој требаше да се направи физибилити-студија, по што требаше да следи проект на изведување на проекто во неколку фази и во период од 10 до 15 години. Овој меморандум  го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Фатмир Бесими. Со тој договор Владата во овој проект требаше да учествува со 15 отсто, а останатиот дел требаше да биде кредит од КРБ. Иако тогаш детали за кредитот не се соопштија пподоцна пропадна овој оби и никој не образлоќи причини. Анализа имаше и пред неколку години, но таа покажа дека овој проект треба да чии околу 2 милијарди евра, по што се посочи дека државата нема толкави финансиски можности, по што беше оставено да се бараат нови модалитети за овој проект. Инаку, проектот  „Вардарска долина“ беше на листата на ВМРО-ДПМНЕ од изборните програми. Се најавуваа дека со овој проект ќе се вработат 3000 луѓе, и уште 20.000 индиректно вработени. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=E2xMS_JHmIE[/embed] Дали последната студија што ЕЛЕМ ја најавува ќе успее да го заживее овој енерегстки проект или пак и таа ќе ја доживее судбината на сите претходно, ќе се знае откако консултанотот што ќе биде избран да ја прави студијата, ќе ги испорача деталите за економската исплатливост на овој проект. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=Krp4vceTNic[/embed] Изградбата на енергетските проекти се актуелзираше изминативе денови, откако ЕЛЕМ објави инвестција од 14 милиони евра во рајската градина во Аеродром, а во исто време, со години каскаат за изградба големите енергетски проекти. Експертите го поставија прашањето дали енергетиката сепак требаше да биде приоритет во целите на енергетската компанија. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии