ВАРХЕЈИ ДАДЕ ПРЕЦИЗЕН ОДГОВОР: Колку брзо Албанија може да влезе во ЕУ?
Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2024 18:17
Албанија може да стане членка на ЕУ до крајот на мандатот на актуелната Европската комисија.
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека Албанија има целосна поддршка од ЕУ за забрзување на реформскиот процес, со цел до крајот на мандатот на тековната Европска комисија да стане членка на европското семејство.
„Силната посветеност на Албанија кон реформскиот процес нѐ доведе до отворање на првиот кластер на минатонеделната Меѓувладина конференција. Даваме целосна поддршка за забрзување на реформскиот процес, за земјата да може да стане членка на ЕУ до крајот на следниот мандат“, објави Вархеји на социјалната мрежа Икс.
Албанија на 15 октомври го отвори првиот кластер за преговори за членство во ЕУ, кој ги опфаќа прашањата за правосудството и основните права, правдата, слободата и безбедноста, јавните набавки, статистиката и финансискиот надзор.
Македонија останува во чекалната на ЕУ. Земјава треба да направи уставни измени за да продолжи по европскиот пат. Европските политичари цело време повторуваат дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ.
foto freepik.comМожеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




