ВАСЕВ „ПОД РАКА“ ДАЛ ЛЕК НА ПАЦИЕНТКА ЗАТОА ШТО БИЛА ПОМЛАДА И ЗАТОА ШТО КАЈ НЕА ЌЕ ДЕЛУВАЛ: Пациентка сама се пријавила да сведочи во „Онкологија 2“
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2025 12:16
На денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје сведочеше пациентка која примала хемотерапија и имунотерапија, опишувајќи како една од терапиите ѝ била дадена надвор од стандардната процедура и без да биде евидентирана во регистарот.
Според нејзиниот исказ, деветтиот пат кога дошла на Клиниката, докторот Нино Васев ѝ соопштил дека лекот е во недостиг и дека имаат останато само три шишенца, од кое ѝ дал едно без да биде евидентирано во регистарот.
-Деветтиот пат кога дојдов, чекавме ред за преглед како и секогаш, ме повикаа во ординацијата, таму беше Др-Нино и уште две сестри и врз основа на мојата историја Др-Нино ми објасни дека во моментов се дефицитарни со лекот, имаат сочувано уште три шишенца и дека поради тоа што сум помлада, поголема ефективност има лекот кај мене, „еден ќе ти го дадам“, меѓутоа нема да се запише во регистарот дека сум го примила лекот, „еве го тука во историјата внатре“, го стави шишенцето и заедно со сестрите отидовме во дневна амбуланта да ми го аплицираат лекот оти тој се става денски, рече сведокот.
Таа додаде дека откако лекот ѝ бил аплициран во дневната амбуланта, останала со дилема зошто не била запишана терапијата во извештајот.
-Јас во тој момент се израдував што ќе го примам лекот иако дома кога дојдов разговаравме со семејството и до ден денеска ми остана прашањето зошто требаше така да се изведе, зошто не како секој редовен циклус да се запише во извештајот. Тоа е дневниот упат за да се прими лекот, го потпишува матичниот онколог и потоа сестрата го носи кај директорот кој исто треба да стави печат и потпис. Овој пат тоа беше така, како неформално нешто, дополни таа.
Пациентката нагласи дека не ѝ било побарано да плати, а на прашањето дали докторот имал личен интерес одговори негативно. Таа посочи дека сама се пријавила како сведок бидејќи почуствувала граѓанска одговорност откако дознала за случајот.
Според одбраната, вакво нешто не се случило и побара од Јавното обвинителство да се ограничи на предметот – наводниот финансиски криминал, а не на начинот на лекување.
Судењето за „Онкологија 2“ денеска започна одново поради промена на поротник. Обвинети се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и економскиот директор Нехад Нухи.
Според обвинението, во периодот 2018–2022 тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра.
Двајцата ја негираат вината и тврдат дека обвинението е политички монтирано.
Покрај „Онкологија 2“, против Васев и уште двајца лекари се води и процесот „Онкологија 1“ за несовесно лекување пациенти.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




