Вашиот Hugo Boss отсега во Сити Мол!
Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2020
По цели 16 години на прекрасната улица „Македонија“, решивме дека е време да дојдеме поблизу до вас и креиравме спектакуларно место во трговскиот центар Сити Мол во кое сте и повеќе од добредојдени.
Вашиот Hugo Boss, каде изминативе години заедно ги создававме најдобрите комбинации за сите поводи важни за вас, со задоволство ви ја претставува новата креативна визија на која работевме долго време.
Исклучителниот концепт на внатрешниот дизајн на продавницата е резултат на долгогодишното истражување на желбите на нашите купувачи и на она кое е местото каде тие се чувствуваат удобно.
Впечатливите моменти од самата внатрешност на новата продавница на германскиот бренд дополнително ги истакнавме со новите колекции од нивните дизајнери за кои знаеме дека ќе добијат почесно место во вашите комбинации.
Со огромно задоволство, ве известуваме дека токму во продавницата на брендот во Сити Мол, можете да ги најдете и парчињата од капсулната колекција на Hugo Boss во соработка со познатиот британски боксер Ентони Џошуа.
За стилско надополнување на и онака впечатливите комбинации од брендот, не заборавајте ниту на линијата модни додатоци и обувки со потпис на Hugo, а токму новите се како создадени за прекрасната студена сезона што е пред нас.
Ве покануваме заедно да уживаме во новиот простор на Hugo Boss на приземјето на трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде веруваме дека заедно ќе создадеме уште многу нови стилски приказни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.