22 Јуни, 2025
0.0274

ЕДИНСТВЕНО ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – ТРЕТМАН НА БЕНИГНА ХИПЕРПЛАЗИЈА НА ПРОСТАТА СО REZŪM™ WATER VAPOR THERAPY

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2024 13:07

Добивај вести на Viber

Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствена болница во земјава каде што се изведува минимално инвазивната процедура Rezūm™ Water Vapor Therapy за третман на бенигна хиперплазија на простата. При оваа метода се користи топлина, произведена од водена пареа, за уништување на вишокот клетки што го предизвикуваат зголемувањето на простатата. Оваа интервенција ја изведува искусен тим уролози: д-р Александар Мицковски, проф. д-р Сотир Ставридис и д-р Владимир Лозановски.

„За време на оваа минимално инвазивна процедура, се користи уред со кој преку мала игла се испорачува водена пареа директно во ткивото на зголемената простата. Пареата бргу се кондензира во вода, ослободувајќи топлинска енергија која ги уништува клетките на зголеменото ткиво. Со уништувањето на клетките, се намалуваат простатата и притисокот врз уретрата, што доведува до подобар проток на урината и до намалување на симптомите на БХП“, објаснува д-р Мицковски.

Бројот на третмани со водена пареа варира во зависност од големината на простатата, а одговорот на овој третман кај секој пациент е индивидуален.

„Предноста на оваа минимално инвазивна процедура е што кај овие пациенти се зачувува целосно сексуалната функција, вклучително и можноста за исфрлање на сперма (ејакулација), што досега било невозможно кај другите процедури. Целата постапка трае кратко, а пациентот ја напушта болницата истиот ден по 2 до 3 часа“, вели д-р Мицковски. 

Со оваа минимално инвазивна процедура, на пациентите им се овозможува брзо враќање на секојдневните активности, а подобрување на симптомите започнува да се чувствува веќе по две недели, додека целосно заздравување може да се постигне во рок од три месеци.

Д-р Александар Мицковски вели дека 50% од мажите до 60 години заболуваат од бенигна хиперплазија на простатата, а на 85-годишна возраст дури околу 90% од нив. Бенигна хиперплазија на простатае патолошки процес при кој доаѓа до прекумерно размножување на клетките на простатата, што резултира со зголемување на волуменот на жлездата, опструкција на мочниот канал и отежнато празнење на мочниот меур, а понекогаш и целосно го блокира. Најчести симптоми на хиперплазија на простата се: често мокрење, отежнат почеток на мокрењето, ненадејна, силна потреба за мокрење, слаб млаз на урина, напрегање за започнување и одржување на мокрењето, често ноќно мокрење.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Volkswagen Tayron ја имаше својата македонска премиера Нов SUV од Volkswagen во важен сегмент помеѓу Tiguan и Touareg

Volkswagen Tayron ја имаше својата македонска премиера Нов SUV од Volkswagen во важен сегмент помеѓу Tiguan и Touareg

„Читај каде и да си!“ – летна акција на „Литература.мк“ со попуст до 50%

„Читај каде и да си!“ – летна акција на „Литература.мк“ со попуст до 50%

Халки поткаст – искрено и отворено за родителството

Халки поткаст – искрено и отворено за родителството

„Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски – хибридно прозно патување низ книжевноста, музиката и филмот

„Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски – хибридно прозно патување низ книжевноста, музиката и филмот

Отворени нови хоризонти за современите бизнис-лидери на конференцијата на М6 “Невронауката и иднината на лидерството”

Отворени нови хоризонти за современите бизнис-лидери на конференцијата на М6 “Невронауката и иднината на лидерството”

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Време е за паметен потег со решенија за штедење што носат резултати

Време е за паметен потег со решенија за штедење што носат резултати

Бимилк и Bitola Car Show: Кога стилот се сретнува со традицијата – во срцето на Битола

Бимилк и Bitola Car Show: Кога стилот се сретнува со традицијата – во срцето на Битола

ВИДЕОЛОТАРИЈА ГЕНЕРАЛEН СПОНЗОР НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС

ВИДЕОЛОТАРИЈА ГЕНЕРАЛEН СПОНЗОР НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС