19 Декември, 2025
0.0456

Василева: На брод се работи и по 10 часа, но искуството е незаменливо

Објавено во: Економија 18 Август, 2016 08:38

Добивај вести на Viber

На брод зависно од позицијата се работи од 7 до 10 часа, но искуството е незаменливо, вака раскажува младата Билјана Василева од Неготино за периодот од  5 години кога работела на брод.

Таа по дипломирањето на Педагошката Академија во Битола не успеала да се вработи, по што одлучила да замине на брод.  Овде нејзината потрага по работа траела 3 години, но без успех и поради огромната мотивација и желбата да патува отишла надвор од државата. Била ангажирана на позиција youth counselor ( аниматор на деца) во игротеки дизајнирани за деца на возраст од 3-12 години. Василева објаснува дека на брод се бара посветеност, професионалност, и има строги правила кои мора да се почитуваат.

unnamed (2)

„Оваа работа не е едукативна, туку од забавен карактер и предност е што сепак се здобив со огромно знаење и искуство  во однос на комуникација и вештини со деца  од различни култури и земји, усовршување на англискиот јазик, финансиска стабилност и остварување на поставените цели. Во  поглед на мааните е што оваа работа е привремена со потпишување договор на секои шест месеци и не постои можност и опција за добивање работна или иселеничка виза за останување на копно во Америка. По завршениот договор обврзани сме да се вратиме во својата земја. Секоја позиција на брод бара максимална професионалност, одговорност и следење на ригорозни правила кои се неопходни за функционирање на бродот. Се работи секој ден без ниеден слободен ден во неделата. Зависно од позицијата се и работните часови. Јас работев од 7 -10 часа секој ден. Во мојот тим youth staff составен од 20 колеги и колешки од различни земји од светот работните обврски ни беа поделени “ - вели таа.

За работата на брод вели дека во зависност од позицијата платите се различни. Youth staff позицијата е одредена на фиксна плата од 1500 долари месечно. Василева вели дека може да се напредува доколку  вработениот има лидерски способности и вештини да стане  менаџер или асистент менаџер.

На оваа млада и амбициозна неготинчанка ѝ биле потребни неколку месеци да се прилагоди на  американскиот систем  на работа, за кој вели дека е многу поразличен и понапреден од нашиот. Сепак смета дека ова искуство многу ќе ѝкористи понатаму во животот.

„Се изградив себеси во личност со поставена визија за животот и кариерата. Сите мечтаења за егзотични патувања и атрактивни дестинации кои мислев дека само на тв можам да ги видам станаа реалност. Тоа што сместувањето на брод, храната и авионската карта ги обезбедува бродската компанија ми овозможи да заработам доволно за да студирам во Сиднеј, Австралија и да се стекнам со сертификат за деца од предучилишна возраст кој ке можам да го употребам во било која светска земја доколку се стекнам со работна виза. Во Австралија  студирав 8 месеци  на приватен институт. Како студент имав право на 20 часа работа неделно. Работев повремено во детски градинки каде бев платена 20 долари од час и за викенди во игротека за прославување родендени. Добивањето работна виза за Австралија е долг процес кој бара огромна финансиска подршка. Не се гледав себеси да останам во Австралија, повеке се гледам во некоја европска земја во иднина“ - рече Василева.

Благодарение на работата успеала да ги посети омилените земји и градови како Мексико, Карибските острови, Мајами, Њујорк, Бостон, Калифорнија(Лас Вегас и Холивуд) и се разбира познатите европски дестинации, за кои вели дека се рај за очи.

С.А.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка