Васко Ковачевски: До крајот на годината треба да биде познат изведувачот на топловодот до Битола
Објавено во: Економија 26 Јануари, 2021 12:19
Васко Ковачевски, директорот на Електрани на Северна Македонија, рече дека во моментов е во тек нпостапката за пронаоѓање на изведувач кој ќе го изгради топловодот од РЕК Битола до градот. Со истиот, Битола како град со неговата околина треба да добие парно-греење.
- Се надевам дека изведувачот на топловодот ќе биде познат до крајот на годината. Во моментов тече постапката, додека Битола е еден од најзагадените градови во земјата, рече Ковачевски во панел-дискусијата на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“
Отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК Битола ќе се користи за централниот топлински систем, чија изградба се планира веќе подолго време.
Освен домаќинствата за Битола предвидено е во мрежата да се приклучат и јавните објекти од општината.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




