19 Декември, 2025
0.0467

Ватикан се отвора за жени и лаици!

Објавено во: Свет 24 Ноември, 2014 14:37

Добивај вести на Viber

Папата Франциско го собра денеска Советот на министри на Католичката црква со цел да се разгледаат плановите за реорганизација. Работата на реформите се очекува да биде завршена во февруари, информираат извори од седиштето на Католичката црква. Целта на папата е да се намали и модернизира обемната администрација, заради што одредени папски совети ќе исчезнат или ќе се спојат во поголеми ентитети. Но длабинската реорганизација подразбира и поголеми реформи. Најголема новина ќе биде основање на голема конгрегација за лаици, со што ќе се спојат неколку ватикански служби. На нејзино чело би можела да биде жена или лаик, со што целта е на овие две групи да им се даде поголем простор во управата на Католичката црква. Советот на министри на Католичката црква е составен од девет кардинали од пет континенти, кои независно го советуваат Папата, а нивниот клучен состанок се очекува во февруари. Папата Франциско минатата недела зборуваше за срамот на собирање пари за црковни слави и веќе започна со реорганизација на економските и финансиските служби на Ватикан. Според него, за бизнисот нема место во Црквата, па тој верува дека не треба да постои ценовник за крштевки, венчавки и миси. „Луѓето тоа ги доведува во искушение“, вели Папата.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја