Ватростална стана сопственик на Вардар, европскиот првак започнува од ново со променето име и 25.000 евра
Објавено во: Економија 04 Јуни, 2020 07:00
Компанијата за изградба и одржување на топлотехнички постројки Ватростална официјално стана нов сопственик на актуелниот европски ракометен првак Вардар. Од 29 мај основан е нов клуб, а пријавата е прифатена вчера, така што двократниот европски шампион официјално ќе носи ново име - Вардар 1961.
Паричниот влог и основната главнина е 25.000 евра, а Михајло Михајловски и службено е регистриран за генерален менаџер на црвено-црните. Бизнисменот претходно најави дека ќе донесе во клубот партнери-помагатели, па така претседател на Одборот на директори е Бојан Јанев, додека неизвршен член на истиот е Благоја Лазаревски.
Најголемиот македонски спортски бренд ја менува сопственичката структура по заминувањето на стариот сопственик Сергеј Самсоненко, со кој новиот претседател Михајловски рече дека веќе се расчистени сметките и дека Вардар се превзема без долгови и започнува од нула.

„Сега сме во фаза на предлог-договор и би требало најкасно до 1 јуни да се преземе клубот. Клубот ќе биде преземен без долгови, Сергеј ќе си ги регулира претходните долгови на играчите. Јас веќе имав состанок со играчите и кажано им е дека ќе сториме сè за да привлечеме партнери кои ќе ни помогнат да го одржиме клубот на високо ниво“, рече претходно Михајловски.
Бизнисменот го менаџираше Вардар речиси две децении пред да го превземе Самсоненко, а беше прогласен и за почесен претседател. Тимот ќе има целосно изменет лик следната сезона, ќе се потпре на млади засилувања. Сите ракометари кои пристигнаа се помлади од 25 години, нешто што не беше случај во претходните преодни рокови, кога главно Самсоненко ангажираше проверени имиња и големи ѕвезди.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




