29 Септември, 2024
0.0264

ВАЖНО: ИЛИ ЌЕ РАБОТАТ ЕКОЛОШКИ И ЌЕ ГИ ПОЧИТУВААТ РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА, ИЛИ НЕМА РАБОТА СО ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ - еве што треба да знаат македонските фирми

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Сите македонски компании кои извезуваат во Германија, но и сите наши фирми кои се добавувачи за германските инвеститори што работат овде, од стартот на идната година ќе мора да исполнуваат строги услови, а тие се да работат еколошки, и целосно да ги почитуваат човековите и работничките права, но и други строги стандарди, а во спротивно, ќе ги изгубат нарачките и бизнисот.

Ова е од причина што во Германија е донесен Законот за синџир на добавувачи, кој предвидува дека сите германски компании ќе мора да работат само со добавувачи кои бараат стриктно почитување на овие услови, а во спротивно ќе бидат санкционирани.

За македонските медиуми оваа информација денеска ја откри Патрик Мартенс, првиот човек на Германската стопанска комора во земјава. Тој вели дека од идната година во Германија стапува на сила новиот Грин дил, кон кој ќе мора да се придржуваат сите германски компании.

„Покрај грижата во однос на достапната работна сила, исто така компаниите треба да се фокусираат на она што е на агендата на Европската унија и Германија, а тоа е Грин дил, односно заштита на животната средина. Од први јануари 2022 година, во Германија стапува на сила Законот за добавувачи, каде компаниите кои сакаат да извезуваат во Германија и да бидат добавувачи на германски компании, треба да исполнуваат одредени стандарди, како што се стандарди во однос на почитување на човекови права, работнички права, заштита на животната средина при производството и така натаму. Тука компаниите, посебно локалните компании кои работат за германскиот пазар треба да се подготват за овие предизвици, за да бидат и во иднина конкурентни“, изјави Мартенс.

На прашањето стриктно да посочи дали ова значи и дека македонските компании кои се добавувачи на германските фирми што работат овде ќе треба да ги исполнуваат овие услови, а во спротивно ќе ја изгубат работата, Мартенс со одговор.

„Токму така, и македонските компании кои работат како добавувачи за германските инвеститори во Северна Македонија, ќе треба да се придржуваат до тие правила. Значи, германската компанија која што е крајниот купувач едноставно ја носи одговорноста пред Судот и пред законот во однос на исполнувањето на стандардите од сите компании кои што биле нејзини добавувачи, дека секој еден добавувач се придржува до новиот Закон за синџир на добавувачи. И секогаш ќе гледаат да работат со компании кои ги исполнуваат тие законски услови и им даваат таква сигурност“, објасни првиот човек на германската комора.  

А, германските фирми што работат овде, имаат и еден друг голем проблем, а тоа е недостигот на микрочипови на светскиот пазар, особено оние кои работат во автомобилската индустрија.

„Очекувањата за 2022 година во однос на економската соработка меѓу Германија и Северна Македонија се позитивни. Очекуваме позитивен развој и зголемување на соработката. Но, се разбира она од што зависи извозот и производството, е интернационалниот синџир на добавувачи, од кој зависат и германските инвеститори во земјава. Во моментов во Германија се соочуваме со недостиг на миокрочипови кои што се потребни за индустриското производство во автомобилската индустрија и поради тоа кај компаниите во Германија има конфузија. Се надевам дека во наредната година ќе дојдеме до некоја мерка на средување на овој проблем“, рече Мартенс.

Според него, состојбата кај германските инвеститори во Северна Македонија е многу добра, но голем проблем е што се соочуваат со недостиг под работна сила. Големи надежи се полагаат во дуалното образование, младите уште од средно училиште да се обучуваат за работа во одредени компании.

„Тие се задоволни од работата тука. Планираат да ги прошират и зголемат своите инвестиции во следниот период. Но, она што ние треба да го запазиме и задржиме, тоа е пазарот на трудот, со кој ќе им понудиме перспектива на младите луѓе да останат во земјата и исто така ќе им дадеме шанса да бидат вработени во добри и перспективни компании“, рече Мартенс.

Тој нагласи дека она што им се допаѓа на германските инвеститори, тоа е законската рамка во Северна Македонија, која, како што рече, е многу слична на европското законодавство и од тие причини тие се решаваат своите инвестиции да ги реализираат тука, бидејќи може да ослонат на слични закони.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна