Вчера и денеска регистрирани три напади на полицајци
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2020
За два дена регистрирани се три напади на полицајци.
На клучка Матка вчера околу 22 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.М.(48) од с.Семениште, скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале работни задачи.
Истиот ден во 17.10 часот на подрачје на Аеродром е лишен од слобода Д.К.(39) од Скопје, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник.
Во 01.45 часот по полноќ на раскрсница на патот од с.Орешани со с.Таор, скопско, полицајци ги привеле С.Д.(25) од с.Таор и С.Г.(22) од с.Орешани, бидејќи физички нападнале полициски службеници кои извршувале работни задачи.
Изминативе месеци имаше повеќе вакви инциденти.