Вчера во Охрид, а денес во Скопје имаше невреме
Објавено во: Македонија 01 Април, 2022
Врнежи од дожд го зафатија главниот град.
Дрво кое паднало поради ветерот го закочи сообраќајот во Козле.
Невреме со силен ветер, пороен дожд и грмежи доцна попладнево ја зафати Скопската котлина, соопштија од УХМР.
„И во следните часови ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме“, велат од таму.
Вчера во Охрид дуваше силен ветер, кој откорна покрив од зграда, а оштети и станови.
фото Твитер