08 Октомври, 2024
0.0253

Веганизам и ренесанса

Објавено во: Стил 29 Август, 2018

Добивај вести на Viber

На 18 години бев дел од изложба каде што концептуален уметник имаше поставено два проектора. Двата проектора беа поврзани со по една слушалка која ја ставаш во уво. На едниот имаше живописна слика од целиот процес на раѓање на едно теле, одземање од неговата мајка и колењето. На другиот, луѓе со прекумерена тежина како ждерат хамбургери. Станав вегетаријанец. Точно седум години немав каснато месо. За жал не го запомнив авторот, од оваа перспектива, тоа за мене е успешна уметничка проекција која менува животи.

Елем, супер што престанав да конзумирав месо, арно ама не ми текнуваше што да јадам друго освен златен бурек во градот на тазе тесто и топли тестенини. Па така за две години веќе имав здрави 90 килограми и комплетно нарушен метаболизам и имунитет. Додека почнав да читам што треба да јадам и како да се хранам, до 21 година, со нулта позитив крвна група, јас веќе успеав да закачам три вида на болести и комплетно да го бутнам имунолошкиот систем. Вкупно седум години се опирав на сите можни начини од консумација на месни производи. Да се разбереме, што се однесува до вкусот, комплетно бев одвикната и не чувствував никаква потреба за месо. Сѐ  додека не се симнав од авион од првиот службен пат, колабирана, со 43 температура, модра во ликот, се опирав машки на моментот на консумација. Во мојата глава тоа беше начин да ги спасасите сите животни на светов. Мајка ми кога ме виде ми рече: „Или ќе јадеш пилешка супа што сега ќе ти ја направам со лажица, или ќе ти ја бутнам со сламка во нос.  Ти одбери го начинот“. 

Целата колумна на Ивана Кнез читајте ја на Женски магазин, овде.