19 Декември, 2025
0.0334

Веле Самак доби Јавна Опомена од Антикорупциска

Објавено во: 19 Февруари, 2015 12:14

Добивај вести на Viber

Од Државната комисија за спречување на корупцијата денеска соопштуваат дека постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси е констатирана состојба на судир на интереси кај министерот без ресор Веле Самак.

Имено, од ДКСК велат дека тој е потписник на договорот за доделување на државна помош од Република Македонија на правното лице МАРКАРТ Македонија ДООЕЛ Скопје како инвеститор, а во кое врз основа на договор за вработување е вработена неговата сопруга.

Опомената ќе следи  во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето да превземе чекори во насока на отсранување на утврдените повреди на одредбите од Законот за спречување судир на интереси, односно доброволно да ја отстрани состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Веле Самак не постапил по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена .