Велешанка најдена мртва во Лондон - не се знаат причините за смртта
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2016
Македонска државјанка на возраст од 36 години со потекло од Велес е пронајдена мртва изминатиов вторник во нејзиниот стан во Лондон.
Нејзината цимерка, исто така Македонка, им ја соопштила веста на нејзините родители во Велес. Таа не ја знаела причината за смртта. Кусо им кажала дека нивната ќерка е однесена на обдукција, по што ќе се утврди причината за смртта, објави порталот „Дума“.
Станува збор за девојка која петнаесет години работела и живеела во Лондон. Таа често доаѓала во Велес. Последен пат неа ја видел нејзиниот татко, кој бил да ја посети во Лондон пред месец дена.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија немало информација за овој трагичен настан.
Оттаму соопштија дека оствариле контакт со Амбасадата на Република Македонија во Велика Британија и се очекуваат информации за трагедијата.