17 Мај, 2024
0.0275

Велешки „Ронтис“ се позиционира на глобалниот фармацевтски пазар

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Произведуваат крвни линии за хемодијализа, а впрочем по тоа се единствени во земјава. Велешката фармацевтска компанија „Ронтис“ е дел од познатата швајцарска корпорација „Rontis corporation“ и веќе 13 години испшува дел од успешната стопанска историја на земјава. Освен тоа Ронтис прави и помагала за администрација на течности и нивни дотаоци, катетери и назален аспиратор. Но производството се извезува со што оваа домашна компанија е сериозен играч во здравствената инустрија на глобално ниво.

На нов и иновативен простор во повеќе оддели, компанијата нуди современи решенија во оваа област.

Од компанијата велат дека квалитетот на производите е нивна главна стратегиска цел, за што располагаат со модерен и континуирано ажуриран систем за управување со квалитетот.

„Ронтис“ ДООЕЛ - Велес има повеќе од 300 вработени кои се од општините Велес и Чашка, Скопје и од околните рурални средини. Целта на фирмата е да расте и да се шири со отворање на нови работни места преку отворање на нови оддели и модернизација на постојните оддели.

„Тргнувајќи од визијата на корпорацијата „Ронтис“ да ја развиеме нашата организација во синоним за квалитетна здравствена заштита и да станеме оптимален снабдувач на иновативни специјализирани производи и услуги во секој сегмент од пазарот во којшто сме вклучени, сигурни сме дека моделот на вмрежување ќе придонесе за остварување на целите и реализирање на визијата. Вмрежувањето преку Стопанската комора е основниот начин на разменување информации и преземање активности за остварување на идеи, цели и интереси кои се заеднички за компаниите. Соработка со Стопанската комора оправдано ги зголеми нашите очекувања, вели Бојана Димовска, генерален директор на компанијата.


Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора во најновата колумна пишува дека градот на Рацин, основоположникот на современата македонска поезија и литература, се` поизвесно станува познат и како место каде компанија од светски калибар како „Ронтис“ сигурно чекори по патот да стане препознатлива за пристап до брза, иновативна и економична здравствена заштита, во чија приказна несебично придонесува и соработката преку Стопанската комора на Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА