ВЕЛИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Николоски кажа кога ќе го потпишат Договорот за стратешко партнерство со Британија

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2025 15:44
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и најави дека истиот Договор веќе во четврток, ќе биде потпишан во Лондон.
Целта нa Договорот е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација и други критични сектори во Република Македонија.
„Првичната група на проекти се веќе споменати во јавноста во делот на здрaвството и во делот на транспортот. Исто така многу значајно за мене е да се разменуваат знаења и практики користејќи експертиза од Владата на Обединетото Кралство и од британски деловни субјекти за подршка на реализација на проекти но исто така и на трансформација на јавната администрација и приватниот сектор со експертиза од бизнис заедницата од Обединетото Кралство но и од владините агенции. Ќе се разменуваат знаења во здравството, транспортот, технологијата, енергетиката и клучните критични сектори, а за изградба на капацитетите на Владата на Македонија ќе се користи експертиза од Обединетото Кралство. Оваа соработка ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и политиките на секоја од двете земји. Учесниците ќе работат заедно да ги истражат можностите за мобилизирање на средства за финансирање на проекти и што е многу значајно, Владата на Обединетото Кралство го потврдува интересот и капацитетот преку Инструмнтот за финансирање на извозот или УКЕФ, со што става на располагање 5 милијарди фунти или 6 милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Нагласувам ова ќе биде проектно финансирање и финансирање кое ќе оди исклучиво со реализација на проекти. Ова е рамка која не значи дека целосно ќе се искористи но е рамка што е располагање и која што можеме да ја користиме“, рече Николоски.
Вели дека се работи за историски момент, за датум кој ќе остане во аналите на македонската историја. Рече дека 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува во македонската историја затоа што се работи за досега најобемен договор кој Македонија го постигнала со било која држава.
„Тоа не е било која држава, тоа е втората светска сила, држава со која имаме одлична соработка во рамки на НАТО Алијансата, дел е од западната цивилизација, става на располагање најмногу средства и за мене е наважен политичкиот момент бидејќи влегуваме во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и држава која ги почитува евроатланските вредности. Исто ми е драго што Обединетото Кралство објави дека постигнале договор со ЕУ, што значи дека во еден пакет ги имаме трите клучни сојузници на Македонија, тоа е ЕУ, Обединетото Кралство и САД”, изјави Николоски.
Минатата недела власта објави дека ќе случи договор за стратешко партнерство со Велика Британија.
Можеби ќе ве интересира
НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По една година владеење Мицкоски се пофали со многу проекти, СДСМ вели дека граѓаните се соочуваат со економска криза

МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

МНР: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

ГЕОРГИЕВ ОД БРИСЕЛ: Бугарија е доследна, проширување ќе има само ако се почитуваат договорите

ИСЛАНД Е НА ВРВОТ: Каде е Македонија на листата на најбезбедни земји во светот?

„Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на небезбедната зграда - без документација, без одобрение за градба“: Арсовска продолжува со шокантните објави
Обвинение за членот на полициското обезбедување на премиерот Мицкоски
