Велигденскиот карантин е на сила во Италија
Објавено во: Свет, Корона Вирус 03 Април, 2021
Италија влезе во велигденски карантин. Државата се обидува да се справи со третиот бран на коронавирусот кој носи по околу 20.000 новозаразени на ден.
Земјата е во тридневен карантин за време на викендов кога се празнува католички Велигден. Сите региони во државата се во „црвена зона“ што значи дека во цела Италија на сила се најстрогите рестрикции. Црквите се отворени, но верниците ќе присуствуваат на службите само во оние кои се наоѓаат во нивните региони. Папата Франциско и оваа година своето велигденско обраќање ќе го има пред празниот плоштад „Свети Петар“. Втора година по ред, папата Франциско ќе го чита посланието пред празниот плоштад пред базиликата Свети Петар.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.