19 Декември, 2025
0.0702

Велика Британија ќе гради нова нуклеарна централа

Објавено во: Свет 19 Март, 2013 15:59

Добивај вести на Viber

Британската Влада денеска одлучи да гради нова нуклеарна централа.

Според министерот за енергетика Ед Дејви, новата британска „нуклеарка“ ќе биде лоцирана во Хинки Поинт, во англиската област Сомерсет и таа е трет ваков енергетски капацитет што ќе се гради во овој дел од земјата.

Првата НЕЦ „Хинки А„ беше пуштена во производство уште во далечната 1965 година. Таа беше исклучена од работа и затворена во 1999 година. НЕЦ „Хинки-Б“ првите киловатчасови струја ги произведе во 1976 година и за неа е предвидено да остане во работа до 2023 година.

Третата нукеларна централа во реонот Хинки ќе се гради во следните десетина години и  е прва што се гради по многу години стагнација и дилеми дали воопшто да се продолжи со градење нови централи на атомски погон. Дилемата во британската јавност се засили по тешката хаварија на јапонската НЕЦ во Фукушима и решението на Германија да се откаже  од овој вид енергија.

Изградбата на „Хинки-3“ и е доверена на познатата француска енергетска компанија ЕДФ. Новата „нуклеарка“ ќе има два реактори што ќе произведуваат 3,2 GW струја, што изнесува седум отсто од вкупните британски потреби за електрична енергија. Ова количество енергија е доволна да ги задоволи потребите на седум милиони британски домаќинства.

Изградбата на новата нуклеарна централа во Сомерсет ќе чини 14 милијарди фунти. На градилиштето ќе бидат ангажирани 5.600 работници. Економски експерти веруваат дека изградбата на новата „нуклеарка“ ќе ја поттикне домашната економија што веќе неколку години е во рецесија и стагнација.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт