14 Декември, 2025
0.0516

Велика Британија се спаси од рецесијата

Објавено во: Свет 27 Ноември, 2012 14:45

Добивај вести на Viber

Раст од еден отсто, во третиот квартал од оваа година забележа британската економија, покжуваат најновите податоци на Националното биро за статистика. Растот на домашната економија во текот на летото се означува како „изненадување“ и доаѓа по деветмесечниот период на рецесија. Претходните анализи навестуваа натамошен пад на британската економија, или стагнација, што ќе значеше одржување на повторената рецесија, но податоците откриваат дека во текот на летото дошло до подобрување во економското работење, најмногу како резултат на одржувањето на Олимписките Игри во Лондон. Во периодот јули, до септември има раст во секторот на услугите од 1,3 отсто, како и зголемување на потрошувачката од 0,6 отсто. Индустриското производство бележи раст од 0.9 отсто, иако тоа е намалено во споредба со претхониот период, кога имаше раст од 1,1 отсто. Економскиот раст на годишно ниво и натаму останува незначителен, затоа што во споредба со третиот квартал во минатата година, годинешниов раст изнесува само 0,1 отсто. Експерти во лондонски Сити предупредуваат дека нема место за радување и релаксација, затоа што податоците за следниот, последен квартал во оваа година, може одново да го намалат растот во домашната економија и да покажат дека добрите перфоманси на економијата на Велика Британија, во текот на летото, биле привремени

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск