Велика Британија со седум социјални класи на луѓе
Објавено во: Свет 03 Април, 2013 12:39
Во седум социјални калси се распоредени луѓето во Велика Британија, не само во три како што тоа се сметаше досега, покажува истражувањето што е направено за Би-Би-Си.
Во истражувањето учествувале над 160 илјади луѓе и ова е најголемиот ваков проект што досега е направен во земјата.
Досегашната традиционална поделба на работничка, средна и висока класа, определена според професијата, богатството и образованието, според истражувачите е премногу едноставна и таа сугерира дека класите имаат три димензии-економска, општествена и културолошка.
Новата распределба на луѓето кои живеат во Велика Британија тргнува од економскиот капитал, кој го сочинуваат приходот, заштедите во банка и вредниста на куќата, или станот, потоа од т.н. социјален капитал, во кој спаѓаат бројот и статусот на луѓето кои се познаваат, како и од културолошкиот капитал кои се определува според културолошките интереси и активности.
Врз основа на овие мерила истражувачите определиле седум класи. Првата ја сочинува елитата, од најпривилегираните луѓе во општеството, исклучени од сите други по богатството, па тие имаат и највисоко ниво во сите три водови на капитал по кои е правено распределувањето.
Втората е етаблирана средна класа која е втора по своето лично богатство и тоа е најбројната во британското општество. Третата е техничка средна класа, која е мала по број и нова група на луѓе која е просперитетна, но изолирана социјално и културно.
Како четврта класа е определена групата на новозбогатени вработени, сите млади луѓе, со средно ниво на својот економски капитал, но мошне активни општествено и културолошки.
Петата класа е традиционално работничката, а шестата е составена од луѓе во службите и професиите кои сега се појавуваат и кои се во залет. Составена е од урбани млади луѓе, не се богати, но се силно вклучени во социјалната и културната сфера и на седмото, последно место е т.н. несигурен пролетеријат каде се најсиромашните во британското општетство.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




