28 Март, 2024
0.0229

Велика Сабота - какво е значењето на денешниот ден ?

Објавено во: Стил 27 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. 

Великa Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.

Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.

Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.

Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ.

На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе.

Велика Сабота е ден на покојот, ден на покојникот, ден на најголемиот покој и на најголемиот покојник. Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк.

Ова е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.

Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи