29 Април, 2024
0.0269

Велосипед од картон отпорен на вода?!- Еколошка иновација од Израел

Објавено во: Стил 26 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Израелско претпријатие „Кардборд Технолоџис“ сака да произведува велосипеди од рециклирачки картон, отпорни на дожд и вода. Планот е истовремено да им се помогне и на земјите во развој.

Секогаш кога Нимрод Елмиш се вози со својот светлосен велосипед на пристаништето во Тел Авив, луѓето се чудат. Неговиот велосипед не само што изгледа, туку навистина е необичен.

Велосипедот се вика „Прототип број 7“, а е составен од картон, пластика и гума, се‘ што може да се рециклира.

„Нашата идеја е отпадот, што го има насекаде и со кој што човек не знае што да прави, да се искористи за еден производ. За тоа ни треба повеќеслоен картон, пластични шишиња и гума. Првиот производ од ваков рециклирачки отпад е велосипед. Тој истовремено е и најтежок за правење“, вели Нимрод Елмиш.

Со тоа израелската старт-ап фирма „Кардборд Технолоџис“ сака да го протресе пазарот за велосипеди, пред сѐ во земјите во развој. Зашто, трошоците за материјалот се мали, околу осум евра.

Картонот служи за рамка, тркалата се од стари авто-гуми, а осовината на погонот од пластични шишиња. Лак според строго таен рецепт штити од вода и оган. Претприемачкиот концепт гласи - поврзување на бизнисот со социјална акција.

„Нашиот концепт е - продавање по различни цени. Ние ќе ги продаваме велосипедите во западните земји, со цел во земјите со развој да можеме да ги делиме речиси бесплатно“, истакнува Нимрод Елмиш.

Велисипедот сѐ уште е во тест фаза. Но, при пробното возење сомнежите за практичноста се растерани. Бројот љубители на картонскиот велосипед не расте само во Тел Авив, иако тука ќе чини околу 80 евра. Производителите можеби не измислија најнов велосипед, но пронајдоа барем еколошка иновација, објави „Дојче Веле“.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти