05 Декември, 2025
0.0513

Момче подарува велосипеди за сиромашните врсници од Индија да не пешачат до училиште

Објавено во: Стил 16 Април, 2013 12:30

Добивај вести на Viber

Децата од Индија кои живеат во тешки услови, добиле неочекуван добротворец - момче на исти години како тие, но со решеност да им помогне.

Томас Хиркок 16 првпат отишол во Индија со татко му кога имал 12 години. Сиромаштијата на неговите врсници длабоко го потресе, па решил да преземе конкретни чекори. Во разговор со децата од Раџастан дознал дека тие мораат да пешачат до училиштето и секој ден да минуваат по 20 километри за да присуствуваат на часовите.

По враќањето во Филаделфија, Томас Хиркок покрена акција за собирање пари за да им купи на малите Индијци велосипеди. Првата година израдувал осум деца со велосипед. Четири години подоцна, 400 индиски ученици го добиле неопходно превозно средство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: