15 Мај, 2024
0.1591

Венецуелец за Фактор: Еден килограм сирење е 210 боливари во кеш, и двојно поскапо со картичка

Објавено во: Економија 17 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Во Венецуела никој не е задоволен, луѓето живеат во постојана вознемиреност, вели за Фактор 24 годишниот Даниел Холмиeрес, студент од градот Валенсија.

Раскажува дека годинава имало четири пати зголемувања на платите, но тоа било неуспешен обид да се смири населението и да се генерира инфлација во исто време.

Платата на Венецуела е еднаква на 45 долари месечно со државна стапка, но оваа сума повеќето граѓани не ја земаат, а она што можат да го купат со платата е ситница. Moмчето потенцира дека во земјата минималната плата е 1800 боливари. 

„Венецуела е земја во која не можете да купите долари, но апсолутно сè е доларот, сè се пресметува врз основа на доларот.  Постојат регулирани производи, за кои Владата воспоставува фиксна цена, но различните мафии ги користат ниските трошоци за да ги добијат сите тие производи и ги препродаваат со повисока цена. Како преживува Венецуела? Тоа е прашање на милиони, а малкумина работат искрено и се обидуваат да се справат со ситуацијата со работа и напор, додека еден голем дел од популацијата (што е многу погрешно, но не можам да ги критикувам), опстојува на сметка на недостигот на производи, купуваат нешто денес за да го продадат утре по двојно повисока цена. Во Венецуела е подобро луѓето да ги имаат парите во предмети или да ги трошат, отколку да бидат во банката, бидејќи секоја минута тие пари вредат помалку“ - вели студентот.

Во земјата во долари не може да се плаќа. Ако е тешко да се дојде до некој производ, тогаш и цената му скока.

Ова момче раскажува дека сепак во неговата земја еден голем дел живее од парите кои блиските им ги праќаат од странство, затоа што повеќе од 4 милиони Венецуелци емигрирале во последните 5 години, и тие им помагаат на семејствата во Венецуела така што им испраќаат пари.

Но, властите во земјата негативно гледаат на оваа појава и се заканиле дека ќе ги блокираат сметките на оние кои од странство праќаат пари на роднините.

„Режимот сака тие дознаки да поминат низ нивните раце, што ќе претставува уште еден удар во џебот на Венецуела. Постојат многу други проблеми, како што се недостатокот на готовина. Во Венецуела нема пари како пари ниту во банките, ниту во продавниците. Кешот се продава, но ако сакате да купите производ, на пример: 1 кг сирење чини 210 боливари (во готово), ако немате готовина, ќе треба да платите повеќе. Самата готовина се продава од 100% до 300% од нејзината вредност, односно 1 боливар може да чини помеѓу 2 и 3 боливари.  Мајка ми плати сума еднаква на 2.000 долари за добивање на нејзиниот пасош. Како е тоа можно? Тоа е секојдневие во Венецуела, сè во земјата е мафија“ - вели овој Венецуелец.

Во прилог на овие проблеми, криминалот владее на улиците. Во Венецуела во секое време од денот тие можат да ве нападнат, киднапираат, да ве изнудат или во најлош случај да ве убијат, додава момчето.

„Немам надеж дека ќе се најде излез, ќе морам да емигрирам во Чиле. Економијата им е стабилна, имам роднини кои ќе ме примат, и најважното нема социјализам“- кажа Холмиeрес.

Дванаесет држави од Јужна Америка бараат решенија за венецуелската бегалска криза. Во земјата се случува егзодус.

Економистите велат дека кризата е резултат на контролирањето на цените во државата. Се очекува инфлацијата да расте. Венецуела е земја богата со нафта, но се соочува со сериозни економски проблеми.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри