20 Декември, 2025
0.0530

Венецуела ја девалвираше националната валута, а бензинот поскапе за 6000 одсто

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2016 11:55

Добивај вести на Viber

Со цел да спречи ширење на економската криза во земјата, Венецуела во средата ја девалвираше националаната валута, боливар, и значајно го намали субвенционирањето на горивото.

Така цената на бензинот ќе порасне, пресметано,  0,01 долари на 0,60 долари, што претставува зголемување за 6000 одсто. Сепак таму е уште најефтиниот  литар на гориво во светот.

„Ова е потребна мерка за која преземам одговорност. Дојде време да воспоставиме систем кој гарантира пристап до нафтата и гас по праведни цени, но исто така гарантира и финансирање на инвестиции за производство на бензин“ рекол Мадуро во телевизиско обраќање.

Тој исто така навел дека владата ќе го поедностави сложениот систем на девизен курс кој во моментов се состои од три курса, и дека од денес ќе постојат само два девизни курса: заштитен официјален курс за увоз на храна и лекови, и паралелен „флуктуирачки“ курс за други трансакции.

Според новиот девизен курс за храна и лекови, боливарот ќе ослабне за 37 одсто од 6,3 боливри на 10 боливри за долар, додека другиот нови девизен курс, по кој моментално се купува доларот за 200 боливри , ќе дозволи слободна флуктуација на отворен пазар, што предизвикало скептицизам кај поедини аналитичари.

На „црниот“ пазар во Венецуела моментално може да се добие скоро 1000 боливри за долар, наведуваат агенциите.

Венецуела ги поседува најголемите нафтени резерви на светот и практично го давала бензинот бесплатно на пумпите во последните неколку години. Латиноамериканската држава, меѓутоа, претрпе голема криза поради глобалниот пад на цените на нафтата од средината на 2014 година.

Најновиот потег, како што се оценува, би можел да доведе до избивање на судири во земјата слични на оние од 1989 година кога зголемувањето на цената на бензинот резултирало со смртоносни протести.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба