Венко Филипче: Одлуката на Србија да ја отвори границата можеби е избрзана
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Мај, 2020
Венко Филипче, министерот за здравство, на денешниот брифинг со новинарите рече дека одлуката на Србија да ја отвори границата со Македонија и со останатите соседи на 1 јуни може да се покаже како избрзана.
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека од 1 јуни ќе започне либерализиран режим на поминување на границите со четири земји од регионот Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија, без обврска граѓаните на тие земји да имаат негативен тест на Ковид-19 при преминување на границата со Србија.
- Може да е избрзано во овој момент и тоа да ги загрози националните стратегии на земјите Ние во моментов го очекуваме документот на Грција за начинот на поминување на државните граници и истиот да им го понудиме на другите земји, кога станува збор за резултатите од тестирањата и болничкото лекување, рече Филипче.
Откако бројката на смртни случаи од корона вирусот во последните 24 часа изнесуваше четири жртви на корона вирусот и бројката се заокружи на 110, Филипче вели дека „постојат земји кои имаат поголема стапка на смртност“.
- Нашиот проце т на смертност не е највисок, Словенија има повисока смртност според соодветниот начин на пресметување. Кај нас кај 22 починати е дијагностицирано заболувањето постмортем, а тоа не го прави ниту една земја. Кога ќе ги извадиме тие случаи, уште помала е бројноста, смета Филипче.
За најавените предвремени парламентарни избори најави дека земјата за нивна организација има голема залиха на заштитни материјали.. За мобилната болница која беше отстранета од пред Клиниката за инфективни болести вели дека била демонтирана поради временските прилики.
- Таа беше отстранета од армијата иза среќа не ни требаше ниту во еден момент Постои временски ризик да биде оштетена и затоа беше демонтирана. Останува монтажната болница која има 12 соби по шест кревети со соодветен приклучок за интензивна нега, тврди Филипче.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.