27 Мај, 2022
0.0245

Верата ми помогна да ја пребродам загубата на мајка ми: Велигденски со Ламбе Алабаковски

Објавено во: Стил 23 Април, 2022

Ламбе Алабаковски, откако се врати од Америка по седум години, вели дека во ова време колку што не бил музички активен, се наполнил со љубов кон неговата професија. Сега интензивно настапува, има планови за нова музика, а неговото семејство, сопругата Магдалена и синовите Михаил и Димитриј го поминале периодот на адаптација и се среќни во Битола, нивниот старо-нов дом. Ламбе често оди и во родното Љубојно, каде што му помага на својот татко. Поп-пејачот со љубов се сеќава на Велигден во својот крај, но и на тешкиот период во раната младост, загубата на неговата мајка, и она што му помогнало полесно да ја преброди тагата, верата и музиката.

*Откако се врати од Америка си прилично активен и актуелен. Те има по многу медиуми, настапуваш. Како се снаоѓаш во овој брз медиумски живот, откако седум години јавноста малку знаеше за твоите активности?

-Да ,тоа е еден долг временски период во кој може и да се каже дека одморив созреав, имам и се наполнив со многу љубов кон својата професија. Им благодарам на сите кои ме поканија и ме покануваат да гостувам и верувам дека допрва ќе соработуваме. Овој начин на живот ми е доста познат и тоа како возење велосипед ако еднаш научиш никогаш не се заборава,макар и да има мала пауза. Особено ми е драго што слушам разни коментари повеќето од нив убави и радосни за моето враќање и во Македонија и во музичките води! Мојот нов бенд групата “Марифет” и фронтменот кој е мој школски другар од Музичкото училиште во Битола, одлично се вклопија едноставо кажано професионалци со кои од првиот ден со поглед се разбираме за избор на песни и звукот ,атмосферата е феномелна.

* Во една прилика ми рече дека постариот син Михаил не сакал да се врати во Америка и плачел кога ќе се спомене таа тема. Дали сè уште е така, како се децата, како Магдалена која долги години беше во САД се навикнува на новиот живот дома?

-Можам да кажам дека првиот дел од периодот на адаптација помина, сега сме малку посталожени. Да, Михаил е прво одделение и е одлично прифатен од соучениците и учителката Лидија и брзо напредува, веќе пишува и чита кирилица, а англискиот целосно го владее,засега е супер. Има нови другарства и старо нови од времето пред да заминеме, врсници со кои се дружи излегува во парк итн. Засега не сака да чуе за назад во Америка. Исто и Магдалена одлично се вклопува и мислам дека сме сите свои на своето,како велат “каменот тежи на место”. Целото велигденско интервју на Ламбе прочитајте го на Женски магазин.


Можеби ќе ве интересира

Постарата ќерка на Агнеса е матурантка: Гордата мајка покажа како изгледаше Вивиен (ФОТО)

Постарата ќерка на Агнеса е матурантка: Гордата мајка покажа како изгледаше Вивиен (ФОТО)

Соња ве води во Дубаи: Едно ноќевање во единствениот хотел со 7 звезди во светот чини и по 24.000 долари

Соња ве води во Дубаи: Едно ноќевање во единствениот хотел со 7 звезди во светот чини и по 24.000 долари

СТАНА ТАТКО ПО ПЕТТИ ПАТ - Убавата Сезен му роди ќерка на Сефер Цаноски

СТАНА ТАТКО ПО ПЕТТИ ПАТ - Убавата Сезен му роди ќерка на Сефер Цаноски