17 Мај, 2024
0.0348

Веро доби престижно признание за потикнување на индивидуалната филантропија

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата Веро доби значајно признание од СОС Детско село за поттикнување на индивидуалната филантропија во 2020 година на годинешниот настан „Едно семејство“ што се одржа под покровителство на сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, по повод Меѓународниот ден на солидарноста.

Признанието за Веро дојде како резултат на хуманитарната донаторска акција што ја организираше компанијата на почетокот од оваа учебна година во која потрошувачите купуваа училишни материјали во Веро маркетите и со тоа донираа средства во фондот за СОС Детско село. Собраните средства во фондот се наменети за образовните потреби на децата и младинците згрижени во СОС Детско село, со што Веро уште еднаш ја потврди својата заложба да им пружа помош на најранливите групи во општеството.

- Хуманитарните акции што ги иницира Веро се насочени кон лицата кои во одреден момент имаат најголема потреба од поддршка, со посебен акцент на најмладите бидејќи тие се нашата иднина. Но, уште позначајно е што преку нашите акции се трудиме да ја развиваме свеста на граѓаните за големината на човечката солидарност и да го поттикнеме секој поединец или група да делува во рамките на своите можности. Солидарноста и грижата за другите добија особено значење во овој период на пандемија, но за Веро тоа е насоката кон која компанијата секогаш се движи, придонесувајќи за позитивни промени во општеството – истакна Петар Денковски, генерален директор на Веро.

Компанијата Веро како општествено одговорна компанија и во услови на пандемија ќе продолжи да иницира и реализира хуманитарни активности посветени на ранливите групи. Оваа компанија силно верува во начелото на СОС Детско село дека ниту едно дете не треба да расте само и во согласност со компаниското начело „Се грижиме едни за други“ ќе продолжи да им дава поддршка на најмладите давајќи придонес кон напредокот на целата заедница.


Можеби ќе ве интересира

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи