Весковски откако пропадна метларката: Град Скопје ќе ја санира штетата, возила не смеат да се движат кај фонтаната
Објавено во: Македонија 29 Март, 2021
ЈП Водовод и канализација - Скопје тврди дека на ниту едно возило не му е дозволено да се движи по плоштадот, по пропаѓањето на метларката на ЈП Комунална хигиена во партерната фонтана, популарно наречена Џампинг џет, на градскиот плоштад.
Директорот на ова претпријатие, Душко Весковски, вели дека одговорноста не е на скопскиот Водовод, бидејќи на оваа површина можат да се движат само пешаци.
- Ние се грижиме само за одржувањето на системот, односно за дизните и пумпите. Инаку таму не е дозволено да минуваат и да работат каков било тип на возила. Најворојатно се работи за грешка, вели Весковски, кој додава дека фонтаната една година не работи за да не биде собиралиште за време на пандемијата.
Од ЈП Водовод и канализација - Скопје велат дека ниту едно возило нема дозвола да се движи на таа површина од гранитни плочки, под кои има празен простор поради пумпите. Велат дека Град Скопје ќе ја санира штетата, а во иднина ќе се постават бетонски столбови како урбана опремна околу фонтаната за да нема пристап за возила.
- Ние имаме договор со Град Скопје за тековно одржување, а тие треба да ја санираат штетата, велат од претпријатието. Од таму тврдат дека овој простор поради ова бил обезбеден со посебна заштитна опрема при гостувањето на Папата Франциско во 2019.
Пред три и пол години, непосредно пред доаѓањето на ракометарите на „Вардар“ на скопскиот плоштад каде што се одржа прославата по освојувањето на европскиот трон, камион „ТАМ“ пропадна во партерната фонтана на плоштадот.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.