ВЕСЛИ КЛАРК: Мислам дека Србија на крајот ќе го признае Косово

Објавено во: Балкан 02 Април, 2024 20:46
Мислам дека Србија на крајот ќе го признае Косово, вели поранешниот врховен командант на НАТО Весли Кларк.
Тој изјави дека присуството на КФОР е важен фактор за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот.
„Мислам дека и добрата работа на амбасадорот Кристофер Хил во Србија е позитивен фактор. Верувам дека правиме сè што можеме од перспектива на САД и од перспектива на НАТО за да се осигураме дека нема да има нов конфликт на Балканот. Но, знаете, многу зависи од тоа што се случува во Украина. Западните земји и Вашингтон треба да ги интензивираат напорите за да ѝ дадат на Украина поголема воена помош и да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од руската агресија“, рече Кларк.
Се очекува дека месецов, Косово ќе влезе во Советот на Европа.
Можеби ќе ве интересира
НАЈПОПУЛАРНОТО ОДМОРАЛИШТЕ ОД ЈУГОСЛАВИЈА СЕ РЕКОНСТРУИРА: 30 години беше заборавено, сега се враќа во живот

(ВИДЕО) КОСОВО: Полицијата упадна во спортската сала во Косовска Митровица

КОШТА ЗА АЛБАНИЈА: Ако продолжи со овие резултати, можно е да биде член пред 2030 година

(ВИДЕО) СОВЕТНИЧКА Е СО СКРШЕНА РАКА: Teпачка на седница на совет во Краљево

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА СРЕДБАТА ЗЕЛЕНСКИ-ЕРДОГАН: Во близина на Анкара со магнитуда од 5,0 степени

НАЈБОГАТИОТ БУГАРИН ИМА БОГАТСТВО ОД 4,2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ИМА СВЕТСКА БИЗНИС ИМПЕРИЈА: „Хувефарма е меѓу 10-те најуспешни светски компании“

(ВИДЕО) АНА БРНАБИЌ ЗБОРУВА НА АНГЛИСКИ: Граѓаните се пошегуваа на нејзина сметка

БРИТАНИЈА ДА ГИ ПРЕИСПИТА ОДНОСИТЕ СО СРБИЈА: Пратеничка ги мобилизираше колегите и бара реакција откако Вучиќ беше во Москва
