19 Декември, 2025
0.0407

Ветено – неостварено: Половина од планираните спортски објекти не се изградени!

Објавено во: Економија 20 Април, 2016 08:10

Добивај вести на Viber

Од 20 општини, само 6 имале систематизирано работно место инспектор за спорт, додека ниту една општина го немала пополнето ова работно место. Од 2006 година заклучно со крајот на март, 2015 година, биле предвидени да се изградат 315 објекти за спорт, а се изградиле 153 објекти или 49%. Ова се дел од наодите на државниот ревизор по спроведената ревизија во Агенцијата за спорт и млади, со која се опфаќа период од 2012 до 2014 година, но и настани пред и до денот на известување од извршената ревизија. Што било планирано, а што било изградено .... Планирани, но не реализирани спортски објекти. Државниот ревизор, по ревизијата во Агенцијата за спорт и млади утврдила дека од 2006 година до март, 2015 година биле изградени 49% од објектите кои биле планирани “Од увид во документацијата со која располага Агенцијата, ревизијата утврди дека од 2006 година заклучно со 30.03.2015 година, биле предвидени да се изградат 315 објекти за спорт, а изградени се 153 објекти или 49% . Така, според ревизиорите во анализираниот период од 2006 до крајот на март, 2015 година, најголемо потфрлување во реализацијата на планираните спортски објекти има кај тениските игралишта, или предвидени биле 120 а иградени само 34 тениски игралишта. Потоа, планирани биле 42 спортски сали, а се реализирала изградба на 32 сали, предвидени биле 50 фудбалски игралишта, а се изградиле 48, големо потрфлување има и кај повеќенаменските игралишта – планирана била изграба на 103 а се реализирале само 39. За реализација на планираните активности,за осум години вкупните планирани средства за изграба на објектите изнесувале 42 милиони евра, но биле потрошени 29,2 милиони евра. “Буџетот за изградба на објектите за спорт во периодот 2007-2014 година изнесува 2 581 555 илајди денари. Агенцијата за изградените објекти за спорт, вкупно до денот на ревизија, исплатила средства во вкупне износ 1 799 296 илајди денари“. Од извршениот увид во документацијата, државниот ревизор констатира дека Агенцијата изготвува Годишна програма за развој на спорт и млади, која ја донесува Владата, во месец јануари, во тековната година. Во програмата, меѓудругото се средставата што се потребни за оставрување на активностите, научна поддршка на спортот, реализација на објекти од областа на спортот, но според ревизорот, програмата не го опфаќа делот на планирање и реализација на средствата за одржување и функционирање на постојните и планирање и изградба на објектите за спорт како, што се нотира во ревизиорскиот извештај, кои се дел од јавниот интерес. “Потребно е да се истакне дека Агенцијата не поднесува до Владата годишен извештај за оставрувањето на Програмата за развој на спорт и млади, како што е пропишано со член 22 став 3 од Законот за спорт, поради што се оневозможува детално и целосно информирање на Владата за активностите кои ги реализирала Агенцијата. На барање на Владата, Агенцијата тековно доставува информации за состојбата на во која се наоѓаат објектите за спорт, за начинот на нивно одржување и користење“, се вели во ревизироскиот извештај. По ваквиот наод на ревизорите, од Агенцијата било доставено известување за превземени активности за надминување на состојбите, пришто Агенцијата информирала дека во ноември 2015 година до Владата ги доставила Програмата за развој на спорт и млади за 2016 година, како и други програми и проекти, заедно со Годишен извештај за реализација на програмите за работа на Агенцијата за 2015 година. Ревизорот констатира уште еден проблем, односно при примопредвање на иградени објекти, отсуствува подзаконски акт со кој треба да се утврдат посебните услови што се однесуваат на функционалноста, опременоста и безбедноста на објектите. “Недефинирањето на посебните/минималните услови кои треба да ги исполнува секој спортски објект пратечките помошни простории( паркиралиште, гардероба, санитарни простории, пристап и простории за давање на итна медицинска помош) за истиот да претставува физичка, функционална и техничко технолошка целина со сите инсталации, уреди и опрема, влијае на можноста да се изврши оцена дали истите ги исполнуваат потребните услови за извршување на спортски активности и овозможуваат нивно безбедно користење“ - оценуваат ревизорите. Агенцијата информирала дека во текот на ревизијата директорот донел Решение за формирање на работна група со цел изработка на предметниот правилник. Кој го контролира користењето и одржувањето на спортските објекти? Државната ревизира констатира и слабости поврзани со инспекцискиот надзор на локално ниво а предвиден со закон. Така, од 20 општини само 6 имале систематизирано работно место инспектор за спорт, додека ниту една општина го нема поплнето ова работното место. “Во март 2015 година изработен е Извештај за извршените инспекциски надозори од областа на спортот, согласно кој инспекторот за спорт извршил 11 редовни/вонредни инспекциски надзори со кои не се опфатени спортските објекти и единиците на локалната самоуправа“, констатира ревизорот и додава: “Слабата кадровска екипираност на одделенијата за вршење на инспекциски надзор , а како резултат на тоа и неизвршувањето на потребниот надзор над објектите за спорт, како на централно, така и на локално ниво влијае врз нивното правилно користење и одржување, согласно законските, подзаконските акти и склучените договори со крајните корисници на објектите“. И по овој наод Агенцијата за спорт и млади доставила информација во која посочила дека се преземени активности за надминување на состојбите. “Одговрорното лице на Агенцијата достави решение за распределување на работник на работно место во Инспекциска служба – одделение за инспекциски надзор“ - се вели извештајот на ревизорот. Дури 49% од контактираните општини посочиле дека се соочуваат со финансиски и кадровски проблеми при одржување и користење на објектите за спорт. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?