Ветување од надлежните: Сите погодени семејства ќе бидат обештетени
Објавено во: Економија 21 Август, 2016 20:39
Најмалку 1.600 граѓани се пријавиле во Министерството за финансии во текот на саботата и неделата каде ги доставиле своите податоци за деловните банки во кои сакаат да им бидат исплатени средствата коишто се наменети како аванс за надомест на штетата педизвикана од неодманешното невреме во скопско, истакна во министерот за финансии Кирил Миноски во неделниот пладневен дневник на телевизија Сител.
„Заедно со службите во Министерството за финансии интензивно работиме на прибирање на овие податоци, и тоа не само преку телефонските линии, туку и преку тимот координатори коишто е присутен на терен. Во континуитет ни пристигнуваат списоци, ние ги внесуваме податоците и се надеваме дека ќе успееме најголем дел од податоците за 2.150 граѓани да ги прибереме во текот на денешниот ден и во текот на утрешниот ден да почнеме со исплата на авансот за надомест на штети“, рече Миновски.
Притоа нагласи дека сите граѓани кои биле погодени од невремето, ќе бидат опфатени со оваа мерка и на сите ќе им биде исплатен авансот.
Миноски апелираше до граѓаните доколку не можат да остварат телефонски контакт со претставници од Министерството, како што посочи, поради оптовареност на телефонските линии, тоа да го направат преку координаторите кои се присутни на теренот.
Министерот уште еднаш нагласи дека „нема да остане ниту еден граѓанин, ниту едно домаќинство, кое е нема да го добие овој аванс“, па дури и кои имаат блокирани сметки.
„Откако од страна на Комисијата за процена на штетите ќе го добиеме конечниот износ на штета по домаќинство, ние како Министерство за финансии ќе извршиме исплата на преостанатиот дел, надомест на штета“, рече Миновски.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




